17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Новата пратеничка група: Гневот поради еден случај да не се исфрла врз други

Гневот поради еден случај не смее да се исфрла врз други, реагира преку соопштение новата независна пратеничка група во врска со притворите што беа изречени деновиве.

„Процесот на помирување кој го започнавме е чекор што не е едноставен ниту лесен, но потребен за општеството и намалување на тензијата и поделеноста меѓу луѓето. Институциите треба да бидат одговорни кон овој сензитивен процес. Телото што го формиравме треба да донесе еден нов период, посмирен, конструктивен и насочен кон реформи за подобро утре во Македонија“, наведуваат пратениците во реакцијата.

Тие се децидни дека СДСМ во опозиција гласно го бранел ставот дека притворот не треба да биде казнена мерка. Изјавите на некои функционери, вели пратеничката група, се непринципиелни и не се во насока на подадената рака за започнување на овој процес за смирување за кој се заложи и премиерот и пратениците.

„Секако од круцијална важност е и амбиентот во општеството што се создаде по изречените притвори последниве денови. Сепак, поведението на секој кој е дел од некој процес е индивидуално и така и треба да се мери“, се додава во реакцијата.

Спонзорирано: