10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Грчки државјанин пронашол патрони и дупки во ѕидот околу станот во Скопје

Педесет и четиригодишен државјанин на Грција, кој како потстанар престојувал во стан на улицата Орце Николов, на 14 ноември во полиција пријавил дека на ѕидот покрај влезната врата забележал дупки, а на подот патрони.

Како што рекол тој во полиција, во станот немало никој во периодот од 2 до 14 ноември годинава.

Полицијата извршила увид на местото и презема мерки за расчистување на случајот.