10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Стејт департментот тврди дека ИД била создадена за да го заштити народот од Асад

Официјален Дамаск и неговите сојузници постојано го обвинуваат Вашингтон за водење лажна војна против џихадистите и за обезбедување разни форми на прикриена поддршка за терористите што дејствуваат на територијата на Сирија. Но, според американскиот специјален претставник за Сирија, Џејмс Џефри, сириската влада е директно одговорна за создавање на Исламската држава.

„Сирискиот режим ја создаде Исламската држава. Елементите во ИД, веројатно, видоа можност во тоталниот распад на граѓанското општество и порастот на насилството кога населението се крена против режимот на Асад, кој, наместо да се обидува да преговара или да најде некакво решение, примени масовно насилство врз сопственото население.

„Тоа создаде простор за ИД да ангажира луѓе за да го заштити народот до одреден степен од насилствата на режимот на Асад и многу бргу создаде војска од 35.000 војници и освои големи делови од Ирак и Сирија“, рече Џефри.

Подоцна, Џефри самиот се демантира потсетувајќи дека Ал каеда во Ирак е директен претходник на Исламската држава, всушност потсети дека таа се создаде во Ирак.

„Претходникот на ИД (со истиот лидер Абу Бакр ал-Багдади), Ал каеда во Ирак, беше речиси целосно поразен кога бев во Ирак. Но, доби можност да се регенерира бидејќи немаше долгорочна стратегија ниту во Сирија или Ирак, но особено во Ирак во тоа време, за да се обезбеди траен пораз на овие елементи“, рече дипломатот.