5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Два автобуса се судрија во Германија, меѓу повредените и деца

Најмалку 40 лица, меѓу кои и деца на училишна возраст, се повредени во сообраќајна несреќа на југот во Германија, во која учествуваа два автобуса од јавниот превоз и едно возило.

Пет лица се здобија со многу сериозни повреди.

Портпаролот на баварската полиција, Берт Рауенбуш рече дека меѓу повредените во сударот има деца, но не прецизираше за колку деца станува збор.

Тој додаде дека се користат хеликоптери за оние кои се најсериозно повредени да бидат префрлени в болница.

Полицијата ги истражува причините за несреќата, додаде портпаролот на полицијата.

Спонзорирано: