20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Прсти да излижеш: Предлог предјадење, главно јадење и десерт со Битолска павлака

Поаѓајќи од премисата дека Битолската павлака е „омилена со секој оброк“, но и во секое време, повторно подготвивме 3 различни рецепти за комплетен оброк, односно предјадење, главно јадење и десерт, во кои главната „тајна“ состојка е токму таа – Битолската павлака.

Навистина одлично се комбинира со сѐ: за брз појадок, какошто е ѓеврече или сендвич, како состојка за вкусна пита или проја, прелив за месо за ручек илисос за тестенини за вечера, или, пак,за кремаст вкусен колач за десерт!

Нашиот избор овој пат беше лесен и здрав оброк, сочинет од брускети со намаз од павлака, бели тестенини и колач со праски и крем. Уживајте!

 

Брускети со намаз од павлакаи кромид

Потребни состојки:

  • 1 стар багет исечен на парчиња
  • 1 пакување Битолска павлака од 180 г
  • 2 лажици мајонез
  • 1 голем кромид исечен на ситни коцки
  • Перца од 1 младо кромитче
  • 1 чешне лук
  • 50 г биено сирење или пармезан
  • Маслиново масло
  • Сок од половина лимон
  • 1 домат
  • Зачини по вкус: оригано, мајчина душичка, копар, сол, бибер

 

Начин на подготовка:

  1. Кромидот исечен на ситни коцки, чешнето лук, Битолската павлака и мајонезот убаво измешајте ги додека смесата не се соедини.
  2. Потоа додајте го маслиновото масло, сокот од лимон и зачините и повторно промешајте.
  3. Намазот оставете го во фрижидер за да се излади, а во меѓувреме багетот исечете го на парчиња и убаво намачкајте го со маслиново масло.
  4. Парчињата леб печете ги во загреана рерна околу 5 минути или додека не се заруменат.
  5. Додека парчињата се уште топли, намачкајте ги со намазот од павлака и одозгора изрендајте го биеното сирење или пармезанот. Декорирајтесо сечкани перца од млад кромид и парчиња домат.

 

Бели тестенини со павлака, пилешко и зеленчук

Потребни состојки:

  • 1 пакување тестенини по избор
  • 250 г Битолска павлака
  • 150 г моцарела
  • 1 тиквичка
  • грст грашок
  • 100 гбело пилешко месо
  • магдонос
  • зачини по желба

Начин на подготовка:

  1. Тиквичката исечкајте ја на коцки и пропржете ја во малку вода и масло заедно со сечканото пилешко месо.
  2. Додајте го грашокот, па динстајте додека не омекне.
  3. Зачинете по желба со сол и/или зачини, додајте малку црн пипер, па сипете ја Битолската павлака.
  4. Тестенините претходно сварете ги според упатството на пакувањето, па сварени додајте ги во зеленчукот и убаво промешајте.
  5. На крајот додајте ја иситнетата моцарела иуште еднаш промешајте за моцарелата да се распореди насекаде.
  6. Наросетесвеж магдонос и послужете додека е топло.

 

Колач со праски и крем

Потребни состојки:

Тесто

  • 6 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 6 лажици брашно
  • 2 лажици млеко
  • 1 пециво
  • околу 1 кг праски

Фил

  • 1 л Битолско млеко
  • 9 лажици шеќер
  • 3 пудинзи од ванила
  • 400 г Битолска павлака

Начин на подготовка:

Тесто:

  1. Најпрво поделете ги белките од жолчките во два сада.
  2. Во жолчките ставете половина од количината шеќер и матете до побелување на смесата, па додајте го и млекото.
  3. Во друг сад, со чисти маталкиизматете ги белките додека не добиете снег и додајте го останатиот шеќер.
  4. Со лесни движења соединете ги двете смеси, а притоа додајте гои брашно што претходно сте го просеалеи пецивото.
  5. Смесата истурете ја во тава и печете во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.Оставете го колачот да се подизлади.

Фил:

  1. Додека тестото се лади, исечете ги праските на парчиња. Може да употребите и праски од конзерва.
  2. Праските наредете ги врз тестото.
  3. Во сад сипете половина количина од млекото заедно со шеќерот за да се загрева.
  4. Во остатокот од млеко растворете гипудинзите.
  5. Соединете ги двете смеси и варете на умерен оган до згуснување. Смесата оставете ја настрана околу 10 минути и повремено промешувајте.
  6. Во топлиот пудинг додајте ја Битолската павлака и соединете со миксер. Топлата смеса истурете ја врз наредените праски.
  7. Оставете го колачот во фрижидер најмалку 3 часа зада се излади пред послужување.
  8. По желба,врз кремот може да ставите парчиња праски и шеќер во прав.

Уживајте во овој комплетен оброк и споделете го вашето искуство. Кое е вашето омилено јадење со Битолска павлака?