5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меј вели дека Британија е се поблизу до Брегзит

Велика Британија е значително поблизу до склучување договор за Брегзит, вели Тереза Меј.

Премиерката ќе одржи средба со кабинетот каде ќе се обиде да ги освои симпатиите и поддршката на своите колеги за нацрт-договорот за повлекување од Унијата.

Меј вели дека по излезот, Британија ќе ја преземе контролата над границите, законите и финансиските средства, а ќе понуди и поголема заштита врз бизнисите и работните места.

Џереми Корбин пак, вели дека Британија ќе биде заглавена во „бесконечност во куќа во која ќе нема право на збор“.

Лидерот на Лабуристите вели дека Меј креира лажен избор пред парламентот.

Но Меј вели дека целта на Лабуристите е да го попречат процесот за Брегзит и да го згазат гласот на народот.