16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Француските изјави за снимките со Кашоги се неприфатливи за Турција

Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ледријан, во понеделникот изјави дека,колку што му е познато, Франција нема никакви снимки поврзани со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, предизвикувајќи со изјавата огромен бес во Анкара, пренесува „Спутник“.

Турската страна ја нарече изјавата на францускиот министер неприфатлива.

„Сметаме дека е неприфатливо што тој го обвини претседателот Ердоган дека игра политички игри. Да не заборавиме дека овој случај ќе беше веќе прикриен да не беа решителните напори на Турција”, изјави директорот за комуникации во турското претседателство Фахретин Алтун, дека коментарите на Ледријан не ги одразуваат фактите.

Францускиот министер за надворешни работи во интервју за „Франс 2“ изјави дека Франција не поседува никакви снимки поврзани со убиството Кашоги и посочи дека се чини оти турскиот шеф на државата игра политичка игра во овие околности.

Во меѓувреме, се чини дека канадскиот премиер Џастин Трудо е првиот западен шеф на држава кој јавно призна дека неговата земја ги добила снимките откако Ердоган викендот најави дека ќе им ги предаде на западните држави.

„Канада е целосно запознаена со она што Турција имаше да го сподели”, изјави Трудо од канадската амбасада во Париз, каде што присуствуваше на Мировниот форум.

Спонзорирано: