12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

И Бугарија се откажа од пактот за миграција на ЕУ, Јункер со предупредување

Бугарија одлучи да не учествува во Глобалниот пакт за миграција на ОН, изјави шефот на парламентарната група на владејачката партија ГЕРБ, Цветан Цветанов.

Тој додаде дека овој договор ќе ги наруши бугарските национални интереси.

„Позицијата на бугарската влада е да не се приклучуваме на глобален договор за миграција од ОН”, рече заменик-лидер на ГЕРБ, по средбата на шефовите на коалицијата, објави Ројтерс. Агенцијата вели дека помладиот коалициски партнер на ГЕРБ, Обединетиот патриот, остро се противи на пактот на ОН.

Пактот ќе се разгледува пред бугарскиот парламент во средата. Со ова Бугарија, според Ројтерс, се приклучува на земјите кои одбија да се приклучат на пакт на ОН, вклучително и Полска, Австрија и Унгарија.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска го повика Берлин да ја обедини Европа за миграциите и другите проблеми.

„Ако една, две или три земји се откажат од пактот на ОН за миграција, тогаш ние како ЕУ не може да ги задржиме сопствените интереси”, рече Јункер. Хрватска и Словенија, исто така, се сомневаат во своето останување во пактот на ОН.