20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Иранските банки ќе бидат отсечени од глобалната финансиска мрежа

Банките во Иран почнаа да испраќаат писма до своите филијали, информирајќи ги дека ќе бидат отсечени од меѓународниот систем за финансиски пораки SWIFT почнувајќи од понеделник, пренесува РТ. Исклучувањето од SWIFT му отежнува на Иран да се плаќа за извоз и за увоз.

Главниот извршен директор на SWIFT, Готфрид Лејбранд претходно потврди дека сервисот ќе почне со исклучување на некои ирански банки. Минатата недела, организацијата со седиште во Белгија објави дека ќе го суспендира на неодредено време пристапот на иранските банки до SWIFT нагласувајќи дека чекорот е преземен во интерес на стабилноста и интегритетот на глобалниот финансиски систем.

SWIFT го прекинува пристапот на Иран до меѓубанкарската мрежа под притисок од САД откако Вашингтон еднострано се повлече од меѓународно признатиот нуклеарен договор со Техеран и повторно воведе санкции за Исламската Република. Секретарот за финансии на САД, Стив Мнучин, рече дека SWIFT ја донел вистинска одлука. Тој претходно ја предупреди организацијата дека би можела да биде казнета ако не ги прекине финансиските услуги за ентитети и поединци кои работат со Иран.

Вашингтон притискаше SWIFT да го иакчлучи Иран од финансискиот систем како што тоа го стори и во 2012 година, пред нуклеарниот договор. Поради усогласувањето со Вашингтон, SWIFT сега се соочува со закана од казнени мерки од Европската Унија, која го признава нуклеарниот договор со Иран.

Спонзорирано: