11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
МАКЕДОНИЈА

Вежба „Есенска Бура“ на Криволак

На армискиот полигон „Криволак“ се спроведува вежбата „Есенска Бура“. На вежбата припадници на Армијата на Република Македонија од составот на полкот за специјални операции ( баталјонот за специјални намени и ренџерскиот баталјон) , Здружената оперативна команда (единици од воздухопловната бригада, од баталјонот воена полиција и првата механизирана пешадиска бригада), заедно со припадници на Министерството за внатрешни работи од единицата за брзо распоредување, единицата за специјални задачи и хеликоптерската единица, а со поддршка од Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, изведуваат поголем број на вежбовни активности, соопштија од минисетрството за одбрана.

Како што посочија оттаму со вежбата воедно се врши и тестирање на борбената готовност на единиците, подготвеноста за експедициски мисии и кризен менаџмент.

Ова е прва ваква вежба во која учествуваат заеднички овие единици на АРМ, МВР и институции од кризниот менаџмент, и истата ќе треа неколку дена, додаваат од министерството.