20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уште четворица министри од владата на Меј ја подготвуваат својата оставка

Уште четворица британски министри кои се за останување на Британија во ЕУ, се блиску до одлуката да ја напуштат владата на премиеркат Тереза Меј, пишува „Сандеј Тајмс“.

Весникот пренесува дека Европската унија го отфрлила планот на британската премиерка да воспостави независен механизам за надгледување на повлекувањето на Велика Британија од каква било форма на привремен царински договор.

Поддржувачите на брегзит во Конзервативната партија се упорни во фактот дека Велика Британија мора да ја задржи контролата кога ќе го напушти царинскиот договор во моментот кога ќе влезе во нови трговски односи со ЕУ.

Сепак, весникот според информации од свои изворипишува дека ЕУ ќе инсистира на тоа дека сите одлуки ќе бидат надгледувани од страна на Европскиот суд на правдата.

Претходно оставка си поднесе Дејвид Дејвис, британски министер за брегзит, кој ги предводеше преговорите за излез на Британија од ЕУ. Во својата писмена изјава Дејвис го критикува планот за брегзит на премиерката Тереза Меј, одобрен од нејзиниот кабинет, напоменувајќи дека планот ќе го остави Парламентот, во најдобар случај, најслаба позиција во преговорите.

Оставка си поднесе и Борис Џонсон кој беше министер за надворешни работи, а пред само неколку дена оставка си поднесе и неговиот брат британскиот министер за транспорт, Џо Џонсон. Тој побара од јавноста повторно да се разговара за брегзитот.

Џо Џонсон, всушност, смета дека преговорите за брегзитот, што ги води Тереза ​​Меј со Европската Унија, се движат во погрешна насока и дека таков договор ќе биде голема грешка.