5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи од утре во посета на Брисел

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, во својство на главен преговарач  и шеф на државната делегација за преговори со ЕУ, од утре, ќе ја предводи владината делегација во Брисел.

Османи ќе има работна сесија со претставниците на Европската комисија, каде ќе биде претставено поглавјето 24 – Правда, слобода и безбедност.

Како што информираат од кабинетот на вицепремиерот, за време на посетата, Османи ќе одржи и неформален брифинг со претставници на Работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан (КОВЕБ), каде ќе биде претставен и Планот 18, а ќе оствари и работна седба со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.

Спонзорирано: