16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Шпагети со туна и домати

Едноставен рецепт за лесен, но хранлив и вкусен оброк…

Состојки:
1 главица кромид
2 чешниња лук
250 гр мини домати
1 лута црвена пиперка
1 конзерва туна
1/2 веза магдонос
400 гр шпагети
сол
бибер
3 лажици маслиново масло

Начин на подготовка:

Излупете и исечкајте кромид и лук. Доматите измијте ги и преполовете ги. Лутата пиперка исчистете ја и ситно исечкајте ја. Исцедете ја туната и иситнете ја со вилушка. Исечкајте го магдоносот.

Згответе шпагети во посолена вода. Во тава со маслиново масло со мешање пропржете ги кромидот и лукот. Потоа додајте мини домати, туна и лута пиперка и добро измешајте.

Зготвените тестенини исцедете ги и измешајте ги со туна, домат и магдонос. Посолете и побиберете по вкус.

Добар апетит!