20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Печена пченка со мексикански сос

Испечете пченка и послужете ја со неодолив мексикански сос…

Состојки:
5 парчиња пченка
4 лажици мајонез
1/2 лажичка сол
на врв на лажичка лук во прав
2 лажички лута пипер
1 лажица лимонов сок
малку исечкан лист магдонос
150 гр пармезан

Начин на подготовка:

Извадете ги лушпите од пченката и ставете на загреана тава, прво на најсилна температура, а потоа намалете. Печете околу половина час.

Печената пченка на некои места треба да биде загорена (тоа е само површински). Секоја пченка обилно посипете ја со пармезан.

Подгответе мексикански сос од наведените состојки и послужете со пченката.

Добар апетит!