24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Флекенштајн до Србија и Косово: Како во ЕУ, кога не можете да се договорите

Кнут Флекенштајн, германскиот пратеник во Европскиот парламент, вели дека Белград и Приштина „мора да најдат решение меѓусебе” и дека Европската унија „не сака да го увезе овој конфликт”, осврнувајќи се на проблемот меѓу Србија и Косово.

„Како можете да живеете во Европската унија со сите овие правила, ако не можете да најдете начин да се справите со својот сосед?”, изјави Флекенштајн.

Тој додаде дека речиси сите групи во ЕП, освен крајната десница, се единствени во поддршката за пристапувањето на Западен Балкан во Европската унија.

Во врска со визната либерализација, Флекенштајн вели дека е убеден дека граѓаните на Косово го заслужуваат тоа и дека властите во Приштина го направиле она што било до нив и дека сега на ред се членките на ЕУ.

„Не можам да гарантирам за секоја земја во ЕУ, но не треба секогаш да ги гледаме изборите, туку да го задржиме нашиот бизнис”, рече тој.

Флекештајн, кој е известувач на ЕП за Албанија, вели дека позитивно ја оценува судската реформа во таа земја, иако забележува дека има мали проблеми.