17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Кинеска фирма тепала работници, ги терала да пијат урина и да јадат бубашваби

Управата на една кинеска компанија беше затворена затоа што ги принудувала работниците кои не ја исполнувале дадената продажна квота да пијат урина и да јадат бубашваби.

Полицијата започна акција откако се појавија снимки на работници кои ги тепаат со појас и кои пиеле жолта течност. На социјалните мрежи беше објавено дека работниците биле терани да јадат бубашваби ако не ја исполниле квотата.

На една снимка се гледа дека работникот стои во средината на кругот додека го удираат со појас. На втората снимка се гледа како работниците од фирма за поправка на куќи во градот Гуиџо пијат жолта течност во пластични чаши, истовремено држејќи го носот затнат.

На снимката, шефовите им велат на работниците дека ќе мора да јадат бубашваби поради нивната слаба продуктивност.

Тројца шефови се затворени на пет и десет дена поради овој инцидент.

Спонзорирано: