10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ослободени киднапираните ученици во Камерун

Учениците кои беа киднапирани од училишен интернат во североисточен регион на Камерун се ослободени, соопштија властите. Седумдесетидевет ученици и три други лица беа киднапирани утрото во неделата во регионот Баменда.

Директорот на училиштето, возачот и еден наставник се уште се во заложништво, пренесува Би-Би-Си.

Владата и сепаратистите во регионот каде се зборува англиски јазик, се обвинуваат меѓусебно за киднапирањето. Во текот на изминатата година, сепаратистичкото движење има контрола во северно-западните и југо-западните региони.

Не е јасно под кои услови се ослободени учениците, а властите велат дека тие биле испрашани пред да бидат пуштени кај нивните родители.

Според Присбитерианската црква во Камерун, учениците се наоѓале во една зграда во градот Бафут, на околу 24 километри од Баменда. Црквата соопшти дека ова е второ киднапирање во истото училиште за помалку од една недела. Претходно 11 момчиња исто така беа киднапирани па ослободени. Но и тогаш не беше јасно кои беа киднаперите, додава Би-Би-Си.

Спонзорирано: