22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шапуриќ: Дел од единиците на локалната самоуправа соочени со недостиг од финансии

Во склоп на меѓународната конференција „Европска интеграција низ перспективата на соработка меѓу граѓанските здруженија и локалните власти“ на денешната панел-дискусија под наслов ,,Со партнерство до подобар економски и социјален развој” како претставник од Владата ќе учествува министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашни претпријатија, Зоран Шапуриќ.

Се дискутираше за процесот на децентрализација во Македонија кој почнува во 1995 година со донесување на Законот за локална самоуправа, потоа ратификацијата на Европската повелба за локална самоуправа и останатите подзаконски акти.

Шапуриќ напомена дека некои од единиците на локалната самоуправа се соочуваат со недостиг од финансиски средства. Владата обезбедува поддршка за локалните самоуправи и ќе продолжи да ги поддржува нивните проекти. Истакна дека Владата усвои предлог-закон за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа со кои ќе се подмират делумно од долгогодишно наназад натрупаните доспеани, а неплатени обврски.

Министерот изрази задоволство од соработката што ја остварил во изминатиот период со голем број градоначалници во промоција на мерките од Планот за економски раст на Владата пред локалните производни компании, односно запознавање со можностите и поволностите што ги нуди Законот за финансиска поддршка на инвестициите, која соработка, преку заеднички активности, би продолжила и во иднина.

Спонзорирано: