20.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Харадинај го отфрли ставот на Австрија

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, го отфрли ставот на Австрија дека е подготвена да го прифати договорот помеѓу Белград и Приштина, вклучувајќи ја и корекцијата на границите.

Според приштинскиот медиум „Зери“, Харадинај рече дека идејата за промена на границите е „мртва” и дека, како што рече, таквото сценарио би резултирало единствено само со трагедии на Балканот.

Курц во вторникот во Приштина рече дека Австрија ќе го прифати секое решение договорено помеѓу Белград и Приштина, вклучувајќи ја и корекцијата на границата.

По обраќањето на австрискиот канцелар пред новинарите во Приштина, приштинскиот весник „Газета експрес“ заклучува дека официјална Виена веќе почнала да лобира за идејата за менување на границите обидувајќи се да ја наметне во други европски земји.