18.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација / Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Прегазен 70-годишен велосипедист од Свети Николе

На регионалниот пат Куманово – Свети Николе во попладневните часови на 6 ноември автомобил „опел корса“ управуван од 47-годишен кумановец удрил во 70-годишниот велосипедистот Т.С. од светиниколското село Стањевци.

Од ударот, велосипедистот починал на местото на настанот, а смрт била констатирана од лекар од Јавната здравствена установа Свети Николе.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од полициската станица Свети Николе.