24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ го осуди инцидентот со навивачите во Тетово

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува насилното однесување, говорот на омраза и ширењето етничка нетрпеливост на поединци и групи. Нема толерирање на насилно однесување и ширење говор на омраза и секое лице кое постапувало незаконски мора да одговара, велат од СДСМ по инцидентите што се случија викендов, а во кои беа вклучени „војводи“ и „балисти“ .

„Како што јавно соопшти СВР Тетово, се работи на целосно расветлување на случајот што во претходните денови се случил во Тетово. Остварена е и средба меѓу надлежните институции, СВР Тетово и Основното јавно обвинителство за конкретно квалификување на делата, утврдување на динамиката и следните чекори, за комплетно расветлување на случајот и соодветно санкционирање на одговорните“, велат од партијата.

СДСМ апелира до граѓаните да не подлегнуваат на провокации, а антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ да не подгрева тензии туку да ги остави надлежните институции целосно да го расчистат случајот.

Спонзорирано: