22.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Израел изрази благодарност до Трамп за санкциите врз Иран

Министерот за одбрана на Израел, Авигдор Либерман, му се заблагодари на американскиот претседател, Доналд Трамп, за санкциите што тој ги воведе против Иран.

„Храбрата одлука на претседателот Трамп е промената која долго ја чекавме на Блискиот Исток“, Либерман изјави во понеделникот.

„Со еден потег, САД зададоа критичен удар врз иранските опструкции во Сирија, Либан, Газа, Ирак и Јемен. Претседателе Трамп, повторно успеавте! Ви благодарам“, додаде Либерман.

Кабинетот на Трамп повторно ги воведе санкциите врз Иран од кои земјата беше времено ослободена во рамките на нуклеарниот договор од 2015. Овие санкции се однесуваат на извозот на нафта, трговијата и банкарството – три клучни елементи од иранската економија.

Минатата недела премиерот на Израел, Бенџамин Нетанјаху, исто така упати благодарност до Трамп за санкциите врз Иран.

Спонзорирано: