14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Британската армија ќе регрутира војници од Комонвелтот

Странските државјани кои не живеат во Британија наскоро ќе можат да станат дел од Британските вооружени сили, изјави владата на Велика Британија.

Во моментов, државјани на земјите од Комонвелтот можат да се придружат само доколку живееле 5 години во Велика Британија.

Меѓутоа, владата сега се обидува да регрутира повеќе мажи и жени во армијата, морнарицата и воздухопловните сили, па затоа тоа правило нема повеќе да важи.

Армијата е во недостиг од војници, морнари и воздухопловен персонал.

Тоа значи дека со престанокот на важност на правилото, лицата државјани на земји како што се Нигерија, Кенија, Индија и Австралија ќе бидат земени предвид при регрутацијата, иако претходно тие не живееле во Велика Британија.