11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Лажните вести се показател за очајот во ВМРО-ДПМНЕ

Соочени со сопствената изолација и фактот што јавноста ја дозна вистината за поврзаноста и шемите на Христијан Мицкоски со Никола Груевски, антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема идеја ниту што да каже на прес-конференција, велат од СДСМ како реакција на тезите на Наум Стоилковски кој истакна дека Заев одржува контакти со руски тајкун.

Според владејачката партија, лажните вести и измислиците пласирани денеска покажуваат колку е голем очајот во раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите овие лаги се демантирани. Впрочем и самата компанија (Секе ДООЕЛ) уште во текот на вчерашниот ден, категорично демантираше било какви поврзаности со споменатиот бизнисмен од Русија, како и со Владата. Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да научи дека со измислици не може да се покрие фактот што антизападниот пион Мицкоски преку шемите со неговиот ментор Груевски добил 33 илјади метри квадратни државно земјиште за хидроцентрали“, се наведува во партиското соопштение.

Од СДСМ сметаат дека со лажни вести не може да се покрие вистината дека, како што велат, антинародниот Мицкоски го брани криминалот на неговиот шеф Никола Груевски.