18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Еден загинат во силна бура која урна зграда на компанијата „Амазон“

Едно лице загина откако силна бура урна зграда на компанијата „Амазон“. Одделот за противпожарна заштита информира дека по уште едно лице се трага во несреќата во која се урна стовариште во рамки на седиштето на компанијата „Амазон“ во американскиот град Балтимор.

Ѕидот на стовариштето висок 35 метри се урнал по силната бура и паднал врз камион кој што бил паркиран пред објектот. Урнати се и столбовите за електрична енергија. Надлежните пронашле едно лице под урнатините кое веднаш било пренесено во болница, но им подлегнало на повредите.

Националната метереолошка служба неколку часа претходно го најавила невремето.