ЕВЕ ШТО МОЖАТ: Тестирање на Lada Vesta SW Cross и Lada XRay на калливи патишта

„Авто-ВАЗ” го рекламира својот нов модел Lada Vesta SW Cross како „караван со зголемена проодност“, додека, кога станува збор за моделот Xray, стручњаците сѐ уште не можат да се решат дали е тоа хечбек или теренец, пренесе Руска реч.

На оваа снимка можете да ги видите можностите на овие два модела на обичен селски пат.

По возењето во моделот Lada Xray по калливиот селски пат возачот коментира: „Воодушевен сум. Го вклучив електронскиот систем за стабилност, ја притиснав гаста речиси до максимум и таа оди сама.”

Меѓутоа, тој додава дека очекувал попријатно чувство во автомобилот кога, на пример, станува збор за мирисот во возилото. „На тој план во ништо не се разликува од старите модели на „Лада“.

Според останатите карактеристики возилото ги оправдува очекувањата“.

Возачот на Lada Vesta SW Cross истакнува дека возилото одлично се снаоѓа на каллив селски пат.

„Ако сте во викендичка и одеднаш почне да врне, не морате да брзате што поскоро да излезете на асфалт. Овој автомобил може да се избори со калта.”

Во тренд…