14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија воведува санкции за украински политичари и компании

Русија денеска воведува финансиски санкции за стотици украински политичари и десетина компании во сопственост на истакнати украински бизнисмени.

Санкциите се одобрени со декрет потпишан од рускиот премиер Дмитриј Медведев, а се опишани како контрамерки на украинските потези против Москва, пренесе „Ројтерс“.

Во декретот се наведува дека санкциите се однесуваат на 322 поединци и 68 компании, меѓу кои и синот на украинскиот претседател Петро Порошенко и поранешната премиерка Јулија Тимошенко.