19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

Видеоигра која само за три дена заработи 725 милиони долари

По повеќе одложувања, протекувања на информации и други споредни шпекулации, Red Dead Redemption 2 конечно е достапна за љубителите на видеоигри и доби исклучително високи оценки од целата гејмерска заедница.

Ваквиот рејтинг е навистина заслужен поради низа причини, кои исто така доведеоа и до фантастична продажба на второто продолжение од оваа игра со вестерн тематика.

Red Dead Redemption 2 во тридневната продажба, на студиото „Рокстар“ му донесе заработка од 725 милиони долари, но сепак во моментов не е познато колку точно примероци од видоиграта се продадени ширум светот.

„Сони“ беше изненаден од интересот и наведе дека RDR 2 е игра која имала најголем број на пред-нарачани копии и најголема стартна продажба од било која друга игра која досега се појавила за „Плејстејшн“.

Сепак, бројката од 725 милиони не беше доволна за да ја направи играта апсолутен рекордер, бидејќи ова достигнување и натаму му припаѓа на претходното остварување на „Рокстар“, популарната ГТА 5, која по објавувањето во 2013. година собра преку милијарда долари во првите три дена.

Спонзорирано: