18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Многу Македонци можат да останат без своите бугарски пасоши: Во Бугарија голема истрага за издавање на лажни сертификати за бугарско потекло

Голема акција Специјалното обвинителство во Бугарија, а на мета е бугарската Државна агенција за Бугарите во странство поради сомнеж за корупција.

Истражителите од утринава испитуваат сведоци во Софија, Ќустендил и во Плевен, пренесуваат бугарските медиуми.

Истрагата започнала по обвинувањата дека се издавале документи со кои се докажува бугарско потекло за 5000 евра, а такви фалсификувани документи им биле издавани на луѓе од Македонија, Украина и од Молдавија. Со тие документи потоа можеле да извадат бугарски пасош.

Во обвинителството задржан бил претседателот на агенцијата, Петар Харалампиев, кој е испитуван за продажба на неверодостојни документи за бугарското потекло на граѓани, главно од Украина, Молдавија и Македонија за сума од 5.000 евра по пасош.

Инаку Харалампиев ја преземал Агенцијата минатата година. Пред тоа, три години бил заменик овластен управник на Софија како и извршен директор и член на управниот совет на фондацијата „Бугари“.