20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин на самитот во Истанбул донел сибирски бобинки, риба и лешници

Рускиот претседател Владимир Путин, кој на самито во Истанбул допатува од Сибир, како подарок на своите колеги донел риба, бобинки, лешници и други локални производи, изјавил портпаролот на Кремељ Дмитри Песков.

Во Истанбул вчера беше одржан самит на лидерите на Франција, Германија, Русија и Турција, Емануел Макрон, Ангела Меркел, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган за Сирија, пренесе ТАС С.

Во пресрет на посетата на Турција, Путин го посети сибирскиот град Ханти Мансијск, каде се сретна со локалните власти.