16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Отворена истрага против еден осомничен за разбојништво во Аеродром

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка за едно лице за сторено кривично дело Разбојништво, соопшти МВР.

„Лицето е осомничено дека на 16.10.2018 година, заканувајќи се со пластичен пиштол, извршил разбојништво во канцеларија на Брза пошта во Аеродром, при што одзел значителна сума пари, а вработената ја заклучил во тоалетот и избегал. При извршување на грабежот лицето не било маскирано. По неговото идентификување и лишување од слобода, извршено е и препознавање на осомничениот“ се наведува во соопштението на МВР.

Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор за осомничениот, но судијата донесе Решение со кое на лицето му определи мерка куќен притвор.

Спонзорирано: