16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Арсовски: 460.000 граѓани во Република Македонија секојдневно гладуваат

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, рече дека според податоците на Државниот завод за статистика 460.000 граѓани во Република Македонија секојдневно гладуваат.

„Според последниот извештај на Државниот завод за статистика стапката на сиромаштија во Република Македонија изнесува 22,2%. Тоа значи дека 460.000 граѓани во Република Македонија живеат во сиромаштија. Скоро две години откако е СДСМ на власт граѓаните се повеќе и повеќе тонат во долгови и осиромашуваат. За жал животот кој го донесоа СДСМ за граѓаните е повеќе од трагичен. СДСМ со задолжувањата ја проби психолошката граница и секој ден само повеќе се задолжуваат, и истите тие задолжувања ќе ги отплаќаат идните генерации“, рече тој.

Арсовски побара од СДСМ да одговори кога граѓаните ќе ја добијат платата од 500 евра, кога докторите ќе ја добијат платата од 100.000 денари и кога студентите ќе ги добијат двојно поголемите стипендии, што им ги ветуваа пред да дојдат на власт?

„Но за жал, наместо овие лажни ветувања, граѓаните од ден на ден се повеќе ги трпат последиците од неспособната влада на СДСМ.
За Зоран Заев и криминалниот картел околу него не се приоритет граѓаните, туку ним приоритет им се криминалните бизниси и тендери кои што си ги доделуваат помеѓу нивните семејства и помеѓу нивните функционери. Додека Зоран Заев насилно турка штетни договори на сметка на националните интереси на Република Македонија, животот во Република Македонија од ден на ден станува се понеподнослив. Што побрзо си заминат од власт толку подобро за граѓаните на државата“, рече Арсовски.

Спонзорирано: