20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Чудни температури среде ноември: Подгответе се за лето среде зима

Под влијание на невообичаено топла воздушна маса од југ на крајот од овој и на почетокот на следниот месец ќе имаме невообичаено високи температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени, во централните и во југоисточните предели истите можно е да се искачат дури и до 28 степени, анализира Славчо Поповски.

Времето ќе биде сончево со умерена, повремено локално и значителна облачност од која има услови за сосема слаб и локален дожд, влажен бран од запад над нашата територија се очекува да помине во вторник и истиот на повеќе места треба да услови врнежи од дожд а има услови и за локални грмежи. Ќе започне да дува умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец и истиот ќе услови транспорт на прашина и песок од Сахара.

Спонзорирано: