14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Џони Деп веќе нема да биде пират

Џони Деп веќе нема да се појави како капетан Џек Спароу во продолженијата на „Пиратите од Карибите“, пишува „Дејли мејл“.

Деп се појави во улогата на Џек Спароу во петте продолженија на пиратскиот хит на „Дизни“ во изминатите 15 години, а Dead Men Tell No Tales беше последното продолжение, потврди еден од сценаристите, Стјуарт Бети. Тоа исто така беше најнеуспешното продолжение од серијалот.

„Тој му даде свој печат на ликот и очигледно тоа е улогата по која стана најпознат. Децата од целиот свет го сакаат, па мислам дека тоа беше одлично и за него и за нас“, рече Бити и потврди дека Деп повеќе нема да биде пират.

Инаку, Џони Деп во последно време има многубројни приватни проблеми, но и финансиски тешкотии.

Фановите се загрижени за неговото здравје бидејќи, како што покажуваат некои од неговите последни фотографии, 54-годишниот Деп многу ослабел.