24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шпанската полиција запленила повеќе од 6,3 тони кокаин скриен во банани, огнено оружје и 300.000 евра

Шпанската полиција запленила повеќе од 6,3 тони кокаин и уапсила 16 члена на криминална група за трговија со наркотици.

Полицијата во соопштението што го објави денеска посочи дека криминаланата група како посредник во своето работење користела компанија што увезувала овошје од Костарика.

Кокаинот бил скриен во пакети со банани што пристигнале на португалското пристаниште Сетубал, од каде што дрогата била транспортирана во Шпанија, објави АП.

Иследниците на американската внатрешна безбедност и португалските детективи биле дел од истрагата што ја спроведувала шпанската полиција, соопштија од полицијата.

Полицијата во акцијата исто така запленила и огнено оружје и 300.000 евра.