24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Фрчат кривични против поранешни градоначалници – МВР предмалку го објави ова

Четири лица, меѓу кои се и ексградоначалникот на Демир Капија, како и Претседателот на Советот на општината заработија кривична пријава поради злоупотреба на службената должност и овластување, бидејќи со незаконски дејствија сториле кривични дела со кои е предизвикана штета на буџетот на општината во износ од 15.456.106 денари.

Управата за финансиска полиција до Основното јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на општина Демир Капија, 61-годишниот Трајче Димитриев кој во својство на градоначалник на општината ја злоупотребил службената положба и овластување, потпомогнат од 48-годишниот Т.П. во својство на овластен проценител и 60-годишниот П.М. во својство на Претседател на Совет на општина Демир Капија, како и од М.Ј. на возраст од 65 години во својство на поттикнувач односно лице кое се стекнало со противправна имотна корист, поради постоење на основи на сомнение дека пријавените сториле неколку кривични дела, соопшти финансиската полиција.

Имено, како што информираа од финансиската полиција, во месец март 2012 година бил склучен грант договор помеѓу Делегацијата на Европската унија во Скопје и Градоначалникот на општина Демир Капија, Димитриев кој се однесувал на имплементација на проект – Центар за едукација и вмрежување во туризмот-Ценет, во вредност од 262.366 евра. За инвестиција во инфраструктура односно реконструкција на стара училишна зграда, која била во сопственост од една половина на општина Демир Капија и една половина во сопственост на четвртопријавената М.Ј., инвестирани биле парични средства во висина од 11.247.184 денари, од кои од грант договорот износ од 101.230 евра, како и дополнително обезбедени парични средства од Буџетот на општина Демир Капија во износ од 5.021.539 денари, додаваат во соопштението од финансиската полиција.

„Првопријавениот Т.Д. од Демир Капија во својство на градоначалник, потпомогнат од второпријавениот Т.П. и третопријавениот П.М. и поттикнат од четвртопријавената М.Ј., во периодот од 2013 до 2017 година ја злоупотребил својата службена положба и овластување, на начин што на четвртопријавената М.Ј. и продал објект и земјиште на КП бр. 4082/2 во ½ сопственост на Демир Капија за 1.667.000 денари, кој износ e десет пати помал од реалната пазарна цена, односно не ја земал во предвид и претходно инвестираната реконструкција од општината на објектот во износ од 11.247.184 денари, со што и овозможил на четвртопријавената М.Ј. да се стекне со противправна имотна корист, на штета на буџетот на општина Демир Капија. Првопријавениот Т.Д. на 12.06.2013 година склучил Договор за продажба на недвижност –½ зграда од околу 800 м2, сопственост на Општина Демир Капија како продавач и М.Ј. од Кавадарци како купувач, во вредност од 1.667.000 денари, кој износ првопријавениот преку својата лична трансакциска сметка и го префрлил на четвртопријавената за да може истата да го купи објектот. Исто така првопријавениот од својата лична трансакциска сметка и по извршената продажба, во име и за сметка на четвртопријавената М.Ј. префрлил парични средства во износ од 4.493.000 денари за реконструкцијата на објектот, односно го финансирал довршувањето на објектот“, стои во соопштението на финансиската полиција.

Реконструираниот објект, додаваат оттаму бил наменет за сместување на фондацијата Центар за едукација и вмрежување во туризмот–Ценет, основана од страна на општината, каде дополнително се инвестирани парични средства во висина од 68.437,76 евра за информатичка и компјутерска опрема, опрема за преведување, мебел, кујни и друга опрема како и за други трошоци за организирање на обуки. Исто така, од финсиската полиција посочуваат дека првопријавениот, односно ексградоначалникот на Демир Капија ја злоупотребил службената положба во текот на месец април 2017 година, потпомогнат од Претседател на Совет на општина Демир Капија, на начин што без надомест ја отстапил фондацијата Центар за едукација и вмрежување во туризмот – Ценет (сопственост на Општина Демир Капија) каде претходно од страна на општина Демир Капија се вложени парични средства од грант договорот во висина од 4.208.922 денари на свој близок роднина, на кој начин му овозможил да се стекне со противправна имотна корист, на штета на Буџетот на општината.

Спонзорирано: