16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕП ја поддржа забраната за користење пластика за еднократна употреба

Европскиот парламент на годишната сесија во Стразбур ја подржа забраната за употребата на пластични производи за еднократна употреба во рамките на Европската Унија со цел да се запре загадувањето на океаните, пренесува порталот БХРТ.

571 пратеник гласаа за забраната, а 53 члена на Европскиот парламент гласаа против овој предлог.

Пратениците ја поддржаа забраната за употреба на пластични прибори за јадење, каде што спаѓаат пластичните чинии, стапчињата за чистење уво, сламките за пиење и пластичните стапчиња за балони.

Нацрт-законот за забрана исто така предвидува намалување на употребата на пластиката за еднократна употреба во амбалажите за храна и пијалаци, како што се пластичните чаши.

Неименуван претставник на Европската Унија изјави дека доколку не се преземе нешто до 2050 година, во океаните ќе има повеќе пластика од риби.

Во мај Европската комисија предложи забрана за која Европската Унија се надева дека ќе стапи во сила до 2021 година.

Научниците велат дека речиси 150.000 тони пластика се фрлаат во европските води дневно, кои со помош на струите во водата патуваат на долги растојанија. Штетното влијание на пластиката врз животот во морето предизвикува рибите и големите водни цицачи да умрат поради загадувањето.

Спонзорирано: