26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Димитров ѝ посака успех на професионален план на амбасадорката на Босна и Херцеговина, Лепа Бабиќ

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, имаше проштална средба со амбасадорот на Босна и Херцеговина во Република Македонијa, Лепа Бабиќ.

На средбата министерот Димитров се заблагодари за успешната и плодна билатерална соработка потврдена со засилената динамика на остварени средби на високо ниво, што значително придонесоа за нејзино збогатување со нови содржини од заемен интерес нагласувајќи ја перспективата во делот на економската соработка.

Соговорниците, воедно, го истакнаа задоволството од досегашната соработка на регионален и меѓународен план изразувајќи надеж дека Република Македонија и Босна и Херцеговина ќе продолжат со досегашната заемна поддршка за нивно целосно европско и евро-атлантско интегрирање во блиска иднина.

Посакувајќи ѝ натамошен успех на професионален план на амбасадорката Бабиќ, со посебен осврт на нејзиниот ангажман во областа на културната соработка, министерот Димитров изрази убедување дека постигнатото ниво на позитивен развој на билатералните односи ќе се одржи и во иднина.