5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги исклучи од партијата сите што во иднина ќе гласаат за уставни измени

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе ги исклела од партијата сите што во иднина ќе гласаат за уставни измени, најави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, по завчерашниот состанок.

Николовски изрази и очекување оние кои гласаа за уставните измени да си поднесат оставки бидејќи не добиле поддршка од народот да го менуваат името на Македонија.

„Од пратениците кои гласаа очекуваме да си поднесат оставка. Тие кои учествуваа во нивно убедување, уценување, поткупување, па дури и физичка закана дел беа разрешени, а за дел бараме од општинските комитети да ги исклучат од членството“, додаде Николоски.

Колку за потсетување на драматичниот Централен комитет партијата ги разреши од функциите потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, и членот на Извршниот комитет, Костадин Богданов, кој дојде од редот на реформаторите. Партијата поднесе барање за исклучување за ексдиректорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, како и поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.

Инаку според сознанија на Centar.mk интерес за поддршка на Уставната ревизија согласно Преспанскиот договор искажале и други пратеници од опозицијата.