26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
МАКЕДОНИЈА

САД излегоа со жестока реакција во врска со лажните информации околу Македонија

Американскиот Стејт департмент ги оцени како неразумни и лажни обвинувањата на Русија дека САД биле вмешани во недамнешното гласање во македонското Собрание за уставните измени.

„Обвинувањата дека претставници на американската амбасада во Скопје биле вмешани во процесот на гласање се неразумни и лажни. Ја поздравуваме одлуката на македонскиот парламент. САД веруваат дека договорот е историска можност да се промовираат стабилноста, сигурноста и просперитетот во регионот“, изјави портпаролот на Стејт департментот во Вашингтон.

САД вели дека Собранието гласало за движењето за иницијативата за уставни измени во согласност со преспанскиот договор, што Атина и Скопје го потпишаа на почетокот на јули оваа година. Стејт департментот наведе дека со недамнешното гласање во Собранието е дадено зелено светло за уставните измени.

Како што пренесуваат грчките медиуми, Стејт департментот укажува дека пратениците по меѓусебни консултации самите ја донеле одлуката и тоа може да се истражи. Вчера реагира и македонското Министерството за надворешни работи, кое ги отфрли како неосновани и невистинити тврдењата на руското МНР во врска со гласањето.