26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Дарко Лазиќ се бори за својот живот по тешката сообраќајна несреќа

Популарниот српски фолк-пејач Дарко Лазиќ е на интензивна нега кога вчера изутрината имаше сериозна сообраќајна несреќа во Брестач, во близина на Печинци.

Популарниот 27-годишен пејач во автомобилот бил сам и, наводно, не бил врзан. Од анализата на крвта е утврдено дека имал 1,39 промил алкохол во крвта, а веќе пет години немал возачка дозвола.

„Дарко Лазиќ е во тешка состојба, животот му е загрозен и тоа е сè што можам да кажам“, истакна директорот на Клиничкиот и болнички центар „Земун“, Драгош Стојановиќ, за „Курир“.

Дарко има хематом на главата и е интубиран и според првите информации, скршени му се ребрата, ногата, пукната ме е бутната коска…

Неговите родители и свршеницата пристигнале во Земун, но медицинскиот персонал не им дозволил да го видат.