3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Украле 30 метри од мост во Зеница

Непознати лица во Зеница украле дел од мост во должина од 30 метри на кој бил закачен магистралниот гасовод, пренесуваат босанските медиуми. Компанијата „БХ-Гас“ објавила дека за време на редовната контрола на трасата на гасоводот, која се наоѓа на подрачјето на општината Зеница, било забележано дека на локалитетот Канал, Зеница, недостига дел од преминот преку реката Босна кон „Арчелор Митал“.

Од гасоводот, кој бил закачен за мостот изминатите 40 годиниа, како што се наведува, се снабдувале компанијата „Арчелор Митал“ и останатите потрошувачи во индустриската зона на Зеница.

Лицата, со тоа што пресекле метална конструкција од мостот, ги довеле во опасност луѓето, но и направиле материјална штета, со оглед дека на одделни делови магистралниот гасовод не е врзан за мостот, со што може да се загрози безбедноста во снабдувањето со природен гас.

Постои и основано сомневање дека е направено и кривично дело – тешка кражба.

Спонзорирано: