9.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Касами се сретна со заменик-помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер

Претседателот на движењето БЕСА, Билал Касами, денеска се сретна со заменик-помошникот државен секретар на САД Метју Палмер.

Тие разговараа за политичката ситуација во земјата по гласањето во парламентот за отворање на Уставот.

Претседателот Касами, исто така, му се заблагодари на високиот преставник на САД за подршката во овој клучен процес за Македонија и увери дека Движењето БЕСА ќе го поддржи секој процес кој е во најдобар интерес на граѓаните.

На состанокот, претседателот Касами информираше за залагањето на Движењето БЕСА во процесот на уставни измени со амандмани за појаснување и формулирање на Уставот што ќе ја одрази општествената реалност на државата.

Помошник секретарот Палмер, му се заблагодари на претседателот на БЕСА за континуираната подршка што им ја дава на реформите како опозициска партија.

Спонзорирано: