16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Голема промена на времето деновиве: Дождови, снег, па високи температури какви што не се паметат за овој период од годината

Времето утре ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, на места пообилни, особено претпладне и во вечерните часови, соопшти Управата за хидерометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветeр од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 5 до 10, а максималната од 12 до 18 степени.

И во Скопје, времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд.

Во вторник во попладневните часови облачноста насекаде ќе се намали, а во среда и четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Повторно затоплување се очекува од петок.