5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Средба Димитров – Антонен: Поддршката од Финска е од посебно значење за земјата

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, оствари средба со државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Финска, Мати Антонен, кој денес е во работна посета на Република Македонија.

На средбата Димитров истакна дека континуираната поддршка од Финска за евроинтеграциите на Република Македонија е од посебно значење за земјата и претставува поттик за Владата да продолжи и понатаму посветено да работи на исполнување на сите неопходни критериуми за почнување на пристапните преговори со ЕУ.

Министерот Димитров и државниот секретар Антонен искажаа уверување дека Првата меѓувладина конференција меѓу Република Македонија и ЕУ ќе биде одржана токму за време на финското претседавање со Советот на ЕУ, следната година.