21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Што има ВМРО-ДПМНЕ против зголемена социјална помош?

ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 11 години го уништуваше системот на социјална заштита додека парите на граѓаните ги трошеше за луксуз, барок, споменици и криминално богатење на фамилијата, денеска е против зголемување на помошта од државата кон најранливите, порача СДСМ.

„Што има против ВМРО-ДПМНЕ зголемена социјална помош и зошто на ВМРО-ДПМНЕ му пречи тоа што повеќе домаќинства ќе добиваат гарантирана социјална помош?

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, која цела деценија ги злоупотребуваше најранливите граѓани, Владата предводена од СДСМ воспоставува систем што трајно ќе ги извлекува граѓаните од сиромаштија.
Покрај постојните 26 илјади домаќинства, кои добиваат гарантирана социјална помош, дополнителни 11 илјади домаќинства ќе имаат право на овој надоместок. Истовремено, семејствата со деца и со ниски приходи ќе добиваат полесен пристап до детскиот додаток и се очекува бројот на деца што ќе го користат ова право да биде над 70 илјади за разлика од 3.200 деца што сега имаат право на детски додаток.

Една од главните реформи на Владата предводена од СДСМ е воведувањето на програмата за гарантиран минимален приход, што ќе гарантира финансиска поддршка за сите лица што живеат под прагот на сиромаштија. Се воведува детски и образовен додаток, надоместоци, кои, освен корисниците на гарантираниот минимален приход, ќе имаат право да ги користат и домаќинствата со минимални приходи.

Владата предводена од СДСМ и надлежното Министерство за труд и социјална политика продолжуваат со системска реформа на системот за социјална заштита што беше урнисан од ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на СДСМ.