13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Косовската опозиција продолжува да ја блокира работата на парламентот

Приштинскиот весник „Коха диторе“ истакнува дека опозициските партии „Демократска лига на Косово“ и движењето „Самоопределување“ и неделава продолжуваат да ја блокираат работата на косовскиот парламент, оставајќи го без кворум и можност да бидат усвоени неколку важни нацрт-закони.

Владејачката коалиција вчера два пати се обиде да ги собере потребните пратеници за кворум, но без успех, пишува весникот.

Претседателот на косовското собрание, Кадри Весели изјави дека неколку пратеници, свесни за недостигот од кворум избираат да не присуствуваат на седниците и рече дека нема да толерира обиди за загрозување на работата во законодавниот дом.

Спонзорирано: