26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Вучиќ: Најавите за формирање косовска војска предизвикуваат страв кај Србите

Најавите од Косово за формирање војска предизвикуваат страв кај Србите, изјави српскиот претседател, Александар Вучиќ, и додаде дека Србија се наоѓа во тешка позиција, објави Б92.

Според него, некои од западните партнери на Србија работат буквално и со раце и со нозе за Косово да стане членка на Интерпол.

Поради тоа, како што рече, министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, ќе оствари повеќе патувања оваа недела, а ќе се ангажираат и министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, и премиерката Ана Брнабиќ.

„Нема да ги оставиме нашите луѓе без поддршка. Ќе направиме сè за да не дојде до такво неодговорно однесување“, рече Вучиќ и додаде дека Србија се надева на продолжување на каков било дијалог за да не доаѓа до вакви стравувања.