14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Турција „неутрализирани“ 25 терористи

Најмалку 25 припадници на терористичката група ПКК беа „неутрализирани“ во антитерористички операции во Турција, објави Министерството за внатрешни работи.

Министерството додаде дека во периодот помеѓу 8-15 октомври биле спроведени вкупно 2.912 антитерористички операции.

Вкупно 14 терористи биле убиени, петмина заробени, додека, пак, шестмина се предале на вооружените сили, се вели во соопштението.

Во операциите уништени се 35 засолништа на терористичката група, а вооружените сили заплениле 22 рачни гранати, 20 импровизирани експлозивни направи, 653 килограми експлозивен материјал, 17 пушки и 1881 парчиња муниција.

Покрај ова, уапсени се вкупно 848 лица за кои постои сомнение дека помагале или учествувале во терористичката група, се вели во соопштението.

Спонзорирано: