5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Путин најверојатно е вмешан во убиства

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во интервју за американската телевизија Си-би-ес вели дека рускиот претседател, Владимир Путин, најверојатно е вмешан во убиства и труење на противници и дека, секако, тоа не требал да го прави.

Во делот од интервјуто што бил посветен на неговиот однос со Путин, Трамп, на констатацијата на новинарот дека луѓето немаат разбирање зошто тој никогаш нема ниту еден тежок збор за Путин, прво прашал: „Добро, дали сте подготвени?“

„Сум бил остар кон Путин. Вие не знаете за што сум зборувал со Путин на состанок пред конференцијата за печат“, рекол Трамп.

На тврдењето на новинарката дека тоа не го правел јавно, американскиот претседател одговорил: „Не сум? Јас сум тој кој ѝ даде на Украина офанзивно оружје и тенкови убијци. Тоа не го направи Обама. Знаете што испрати тој? Испрати перници и ќебиња…“ рекол Трамп.

На прашањето дали се согласува со тоа дека Путин е вмешан во убиства и труења, Трамп одговорил: „ Најверојатно е вмешан“.